Фото: Shutterstock.com

Елон Маск денеска објави дека од утре може да се очекува воведување на една доста важна функција на Twitter. Директните пораки на корисниците ќе станат шифрирани, а со тоа никој нема да може да ги прочита, освен другата страна од разговорот, секако.

Шифрирањето на разговорите е важно за оваа мрежа, а посебно по откривањето на Маск дека властите често добивале пристап до разговорите на одредени корисници. Сега, дури ни Маск самиот нема да може да ги прочита пораките, дури и „ако му е ставен пиштол на главата“, како што тој кажа во најавата.

Воведувањето на шифрирани разговори ќе ја направи Twitter мрежата доста побезбедна, а посебно за новинарите и другите корисници кои имаат проблеми со властите.

Вака кажано, се поставува прашањето што со тие кои имаат проблеми со властите, но не од политички причини, а ова е тема која одамна веќе се дискутира, Twitter не е првата мрежа која воведува вакви разговори.

Маск дополнително најави дека корисниците наскоро ќе можат да прават аудио и видео повици, а тоа го најави со истакнување дека корисниците ќе можат да разговараат со било кого во светот, без да го дадат својот телефонски број.

Оваа новина е најавена само со наскоро информацијата, па ќе видиме кога е тоа наскоро. Прво да го почекаме пуштањето на шифрираните разговори утре.

ИЗВОРЕлон Маск - Twitter
Претходна статијаApple ги донесе своите Final Cut Pro и Logic Pro апликации на iPad
Следна статијаФИТР со нов јавен повик „Стартапувај 5” наменет за поддршка за македонскиот стартап еко систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.