Фото: Shutterstock.com

Microsoft во текот на вчерашниот ден закажа настан кој ќе се одржи денеска во нивните простории во Редмонд. Настанот нема да се пренесува во живо, а ќе биде отворен за новинарите.

Од компанијата не дадоа информации за што ќе биде овој настан, но можеме да претпоставиме. Се верува дека на овој настан ќе се презентираат работи поврзани со вештачката интелигенција, нешто што беше најавено дека ќе стане поголем дел од производите и сервисите од компанијата, а најмногу поради соработката со OpenAI.

Веќе можевме да ги видиме резултатите од таа соработка со претставувањето на Azure OpenAI сервисот, како и интеграцијата на алатките од OpenAI во Microsoft Teams Premium.

Сепак, главниот акцент на настанот се очекува дека ќе биде насочен кон интеграцијата на ChatGPT во Bing пребарувачот од компанијата, нешто што веќе неколку пати се најавува.

Врвот на најавите беше краткото пуштање на „chat“ функцијата во Bing, која неколку корисниците ја имаат забележано и испробано пред да биде исклучена. Ова значеше дека Microsoft се во доста одмината фаза на развој на оваа нова функција на Bing и нејзиното презентирање се ближи.

Со интеграцијата на најновата верзија од ChatGPT од OpenAI, Bing ќе може да се користи за пребарување преку поставување на прашања кои обично се поставуваат на човек. Bing ќе ја пребара својата база на информации, која ќе биде ажурирана и поврзана со интернет и ќе ги даде потребните одговори за корисникот. Bing исто така ќе може да поставува и потпрашања за да може да го даде најдобриот одговор што може.

Кратко кажано, овој дел од Bing ќе може да се користи за добивање на одговори, наместо истражување за тој одговор на повеќе веб страни.

Google исто така ќе одговорат на соработката на Microsoft со OpenAI, па по неофицијалните најави, тие и официјално ја најавија својата алатка како одговор на ChatGPT, наречена Bard. Од Google нема да дозволат Microsoft да им земе голем дел од пазарот, а Search уште претставува огромен дел од нивниот бизнис.

ИЗВОРWindows Centar
Претходна статијаНови правила за споделување на Netflix сметката во САД покажуваат внимателен пристап од страна на компанијата
Следна статијаGoogle го претстави својот конкурент на ChatGPT наречен Bard
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.