Shutterstock.com

Падот на бројот на корисници на Netflix, кој се случи минатата година за првпат после 10 години, направи да од компанијата го бараат виновникот за тоа во погрешен правец. Наместо да престанат со продукцијата на „woke“ филмови и серии без никаква содржина, тие решија да ги претворат во корисници кои плаќаат тие кои користат „туѓа“ сметка, наместо своја.

Како што е познато, најавите беа дека од компанијата планираат да почнат да наплаќаат за корисниците кои не се од истото домаќинство, а на тие корисници им овозможија и префрлување на својот профил на целосно нова сметка.

Според сите досегашни најави, Netflix треба оваа година да почне со построго спроведување на своите правила за споделување на сметките. Такво нешто веќе се тестира во неколку земји во Јужна Америка, па се очекува 2023 да биде годината кога тестот ќе стане стандардно правило.

Сепак, промената на правилата за споделување во САД укажуваат на тоа дека од Netflix внимателно се однесуваат кон оваа промена. Тие изгледа не планираат нагло да почнат да им наплаќаат на корисниците дополнително или да почнат да ги тераат да отворат нова сметка.

Новите правила за споделување во САД истакнуваат дека Netflix ќе започне да забележува дали уредите од кои се гледа сервисот се од истото домаќинство. Тоа ќе се прави преку споредба на IP адресата од која се пристапува, ID информациите од уредите, како и активноста на уредите кои се најавени на сметката.

Доколку некој уред е очигледно дека не се користи во истото домаќинство, Netflix ќе побара тој уред да биде верификуван. Тоа значи дека за да може тој уред да продолжи да се користи, Netflix ќе испрати линк на имејл адресата од сопственикот на сметката од кој ќе се добие код со четири бројки. Овој код ќе треба да се внесе на уредот во рок од 15 минути, по што ќе биде верификуван и ќе може да се користи.

Засега нема информации дека правилата ќе станат построги од ова, како што се на пример во дел од тест земјите, каде после одреден период, потребно е уредот да се најави од мрежата на сопственикот на сметката. Ова е лесно да се направи со преносен уред, но сигурно не и со телевизор.

Од ова што го гледаме, има уште доста време додека Netflix дефинитивно се одлучат во кој правец ќе одат со овие правила, а посебно додека тие бидат пуштени во целиот свет, па и нашата земја.

ИЗВОРLifeHacker
Претходна статијаGoogle ќе одржи настан во Париз на 8 февруари на кој ќе презентира новости поврзани со Search, Maps и повеќе
Следна статијаMicrosoft закажа настан за денеска на кој се очекува да ја претстави интеграцијата на ChatGPT во Bing
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.