Фото: Microsoft

Microsoft го најави нивниот нов Azure OpenAI сервис, преку кој на корисниците ќе им овозможат пристап до алатките кои ги развива познатата OpenAI компанија. Иако за оваа компанија може да се прочита со години, Елон Маск е еден од основачите, таа сепак стана доста популарна изминатите години со пуштањето на најновата и јавна верзија од ChatGPT.

На корисниците ќе им бидат достапни алатки како GPT-3.5, Codex, DALL-E 2 и слични, кои се едни од најпознатите на кои работат од OpenAI.

Достапноста на OpenAI преку Azure не треба да изненадува затоа што Microsoft се едни од поголемите инвеститори во компанијата кои веќе имаат вложено милијарда долари во 2019, а се очекува дека се планирани дополнителни 10 милијарди во иднина.

Директорот на Microsoft, Сатја Надела, најави дека вештачката интелигенција може да се очекува да биде достапна во сите производи од компанијата. За вакво нешто можевме да прочитаме и претходно, а во основа се очекува интегрирање на некое ниво на ВИ во Office апликациите, на пример, како и во Windows.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаGoogle изгледа ќе претстави „таг за следење“ како тие на Apple и Samsung
Следна статијаNetflix ја редизајнира својата апликација на iOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.