Shutterstock.com

Извори на Reuters кои остануваат анонимни, тврдат дека Google, поточно компанијата сопственик на Google, Alphabet, има дадено понуда за купување на познатата американска компанија Fitbit.

Fitbit им е позната на повеќето како компанијата која развива и произведува фитнес алки и паметни часовници, со акцент на следењето на фитнес активностите на корисниците. Овој бренд слободно може да се поврзе со популаризирањето на ваквите уреди уште од пред некоја година.

Google изминатите години купува компании или дел од нивните вработени, технологии и патент лиценци од областа на паметните телефони и часовници.

Прво дојде купувањето на инженери, како и патент лиценци од HTC кои се поврзани со развојот на Pixel уредите. Со тоа Google го презема развојот и производството на паметните телефони кај нив, наместо од тоа да зависи од други компании, нешто кое беше целосно како концепт на почетокот, а посебно со поевтините Nexus уреди.

Наредно беше купувањето на дел од технологијата и вработените од познатата компанија за часовници Fossil, по што се зголемија шпекулациите дека може да се очекува и Pixel Watch, паметен часовник заедно со паметните телефони.

Доколку биде прифатена понудата, односно доколку и воопшто постои, за купување на Fitbit, може да се смета дека сигурно Alphabet ќе стане и производител на паметни часовници.

Интересно е што информациите кажуваат дека Alphabet е таа која ја дава понудата, наместо компанијата ќерка Google, па од тоа може да се заклучи дека плановите на компанијата се други или поголеми од само претставување на Pixel паметен часовник.

ИЗВОРReuters
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаGoogle ќе престане да ја индексира Flash содржината за прикажување во резултатите од пребарувањата
Следна статијаNetflix тестира можност за зголемување и намалување на брзината за гледање на содржината на Android
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.