Netflix

Netflix започна со тест којшто е достапен само за корисниците на Android кој им овозможува да ја изберат брзината со која ја гледаат содржина, односно филмовите и сериите. Тестот за разлика од другите е помасовно достапен, што значи дека може и веќе да ја имате забележано оваа можност на вашата апликација.

Реакцијата очекувано од креаторите на содржината, односно режисерите и слично, не е добра. Тие сметаат дека Netflix си игра со нечија уметност и дека содржината не е така замислена да се гледа.

Дека креаторите сериозно ги сфаќаат стриминг сервисите и како тие ја прикажуваат нивната содржина се гледа од препораките кои не ретко ги даваат за тоа кои прилагодувања треба да ги направат гледачите за да можат да ја гледаат содржината онака како што таа била замислена. Тие посебно се противат на опцијата за „smoothing“ која сепак е повеќе замислена за гледање на спортска содржина, а не на филмови и серии.

Од Netflix објаснуваат дека причината за воведување на една ваква можност е поради тоа што таа постоела порано кај DVD „плеерите“, па некои корисници ја сметаат за корисна. Според нив, одредени корисници сакаат да ја забават брзината доколку јазикот на кој е содржината не можат да го разберат добро кога брзо се зборува, а има корисници кои сакаат некоја сцена повторно да ја видат, па истата би ја пуштиле побрзо да помине.

Инаку, на корисниците им се достапни 4 нови брзини за гледање на содржината и тоа 0,5 и 0,75X, како и 1,25 и 1,5X.

ИЗВОРNetflix
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаGoogle, поточно Alphabet наводно има дадено понуда за купување на Fitbit
Следна статијаSamsung прикажа нов концепт на уред со екран кој се превиткува
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.