Се’ уште не може да се каже дека паметните часовници ја добија очекуваната популарност кај корисниците. Повеќе се купуваат паметните часовници кои се стриктно наменети за спортски активности, а исто така може да се издвои и Apple Watch како посебно успешен производ на овој пазар.

Google активно ја развива Android верзијата наменета за паметните часовници, Wear OS, но со оглед на тоа што Samsung не се решава да ја користи, Google мора да зависи од останатите производители кои сепак не прават доволно големи продажби.

Еден од “верните” партнери на Google во користењето на Wear OS за нивните паметни часовници се Fossil. Тие на пазарот имаат повеќе модели кои работат на овој оперативен систем.

Од компанијата истакнуваат дека овој бизнис е најбрзорастчеки за нивната компанија, па тие сериозно го сфаќаат развојот на нови технологии кои ќе овозможат претставување на навистина корисни часовници.

Од компанија оваа недела информираа дека имаат склучено договор со Google вреден 40 милиони долари. Со овој договор, Fossil им отстапува на Google дел од нивните истражувања заштитени како интелектуална сопственост, но и дел од вработените од секторот за истражувања и развој.

Од Fossil исто така истакнуваат дека тие нема да престанат да работат на развој на паметните часовници, а тоа ќе го продолжат сега со поголемо партнерство со Google.

Повеќе информации за тоа што ќе подразбира овој договор за Google нема. Дали од компанијата сакаат да почнат да прават самите паметни часовници или едноставно ова е потег за подобрување на оперативниот систем, не е познато, меѓутоа тоа ќе може да се види веќе оваа година кога ќе почнат да излегуваат нови производи, но и неофицијални информации.

ИЗВОРFossil Group
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаAndroid Q ќе дојде со поддршка за темен режим и можност за користење како десктоп со приклучување на монитор
Следна статијаОткриена „колекција“ од повеќе од 700 милиони кориснички имејл адреси и лозники
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.