Производителите на ексклузивни часовници, беа начекани неподготвени пред неколку години кога беа лансирани првите паметни часовници. Нивната понуда и натаму се состоеше од застарена технологија и ограничени можности. Еден од првите производители, кој конечно ќе почне да произведува и паметни часовници, е популарниот Fossil.

Наскоро, Fossil треба да пушти во продажба кружен паметен часовник со Android Wear оперативниот систем, кој неодоливо потсетува на Moto 360. Сепак, бидејќи се работи за производител на часовници, со сигурност може да се очекува високо ниво на изработка и употреба само на најквалитетните материјали.

Часовникот беше претставен на Intel Developer Forum конференцијата, што значи дека во внатрешноста ќе има Intel процесор. Ова е интересен потег, бидејќи во ваквите минијатурни уреди, ARM е скоро неприкосновен со своите чипови, кои имаат многу мала потрошувачка на енергија. Сепак, останува да видиме до каде напредувал Intel и како ќе се снајде нивниот Atom чип, кој најверојатно ќе се вградува во часовникот на Fossil.

Од другите производители на часовници, и луксузниот TAG Heuer неодамна најави паметен часовник со Android Wear и Intel, па може да се претпостави дека двата часовници ќе ги имаат истите внатрешни компоненти и ќе се разликуваат само по дизајнот, материјалите и изработката однадвор.

Секако, ќе биде интересно да се види колку навистина ќе можат овие реално мали производители, да се носат со големите електронски компании и нивните часовници.

Извор: Droid-Life

Претходна статијаНаучниците случајно создадоа нов тип на стакло
Следна статијаСимнете ги позадините од новиот Android Marshmallow