Биткоин – и воопшто криптовалутите – се соочуваат со голем предизвик: т.н. scalability, односно „капацитетот на системот/мрежата да расте во големина согласно побарувачката/потребата“. Во случајот на Биткоин и криптовалутите генерално, станува збор за предизвикот како да имаш систем кој ќе биде безбеден, ефикасен и евтин, но сепак децентрализиран и trustless (да не зависи од еден центар, middle-man).

извор

Во 2010 (и потоа во 2013), Сатоши Накамото, „анонимниот“ татко на Биткоин, вовел лимит од 1МБ за големина на „блокот“ во кој се се процесираат и вметнуваат трансакции во блокчеинот. Очигледно, ова го ограничува бројот на трансакции кои може да се вметнат во еден блок (~7трансакции по секунда обработува Биткоин; Виза околу 1,700). Идејата на лимитот e од безбедносен карактер (да се ограничи можноста за т.н. DOS напади) но, уште поважно, да се зачува децентрализираната природа на Биткоин (поголем лимит > повеќе трансакции > повеќе моќност за процесуирање на трансакциите што ќе можат да ја обезбедат само големи играчи > централизација).

Како функционира децентрализиран систем
(извор)

Сето ова создава проблеми за Биткоин бидејќи во услови на голем број трансакции се зголемуваат надоместоците кои корисниците ги плаќаат за мајнерите кои ги валидираат трансакциите, но и се зголемува времето на чекање за трансфер на парите. Системот се блокира и станува неефикасен. Особено за мали плаќања.

Чаре?

Постојат неколку различни типови на решенија кои се разгледуваат во крипто заедницата (first layer on-chain решенија, second layer off-chain решенија, scalable консензуз механизми и distributed ledgers решенија). Тука ќе се фокусираме на она кое ветува најмногу – т.н. Lightning Network (Ln).

Ln е можно решение кое во 2015 го предложија Џозеф Пун и Тедиус Дрија. Станува збор за second layer решение кое со помош на „паметни договори“ и „multi-sig” новчаници, овозможува малите трансакции да бидат надвор од блокчеинот (off-chain). Со ова голем број на мали трансакции се трга од главниот блокчеин и истите не мора да се верификуваат од сите нодови во Биткоин (се растеретува системот). Замислете да отворите „приватен канал“ на вашата сметка во банка преку кој ќе вршите стотици мали трансакции со некој локален маркет. Купуваш, плаќаш, и на крај, кога ќе решите да го затворите „каналот“, сите трансакции се регистрираат на двете сметки, и плаќате еднаш надоместок на банката. Останатите секојдневни трансакции ви се скоро бесплатни, нешто како кеш. (за потехничко објаснување, видете тука).

Ако Ln успее, нема стопирање на Биткоин. Секако, ова е големо Ако.

Претходна статијаSamsung го претстави првиот на пазарот чип за податоци на мобилните од 1 терабајт
Следна статијаXaomi го претстави Redmi Go кој ќе се продава по цена од 80 евра
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.