Иако „cloud“ сервисите се веќе нешто стандардно и на сите достапно, сепак потребата од локално чување на податоци никогаш нема да ја изгуби важноста.

Ова посебно важи во време кога и мобилните телефони веќе снимаат со 4К резолуција, па не секој е спремен да плаќа за cloud, затоа што во овој случај бесплатниот простор сигурно нема да биде доволен.

Исто така, редовното префрлување на податоците на поголем диск, сигурно е „досадно“, па добро е што технологијата напредува и овозможува нови работи како оваа од Samsung.

Од компанијата оваа недела го најавија својот eUFS чип со капацитет од 1 TB. Овој нов чип е со иста големина како претходниот со капацитет од 512 GB, што значи дека во мобилниот уред ќе има само еден чип и ќе завзема исто место.

Ова е и првиот на пазарот eUFS чип со капацитет од 1 TB. Дали можеби првиот уред којшто ќе работи со овој чип ќе биде некој од Galaxy S10 уредите кои ќе бидат претставени за околу три недели, баш ќе видиме.

Инаку, покрај големиот капацитет, новите eUFS чипови од Samsung доаѓаат и со поголеми брзини за запишување и читање на податоци.

Повеќе детали за брзините на читање и запишување на податоци, можете да прочитате на официјалното соопштение од Samsung на овој линк.

ИЗВОРSamsung
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЛинкови од разни ќошиња на интернетот
Следна статијаКрипто 101: Што е Lightning Network?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.