Shutterstock.com

Пред некој период објавив три поврзани колумни на тема „Криптовалути од централни банки: добра или лоша идеја“. Во првиот дел објаснив што е идејата позади национални криптовалути; потоа дискутирав зошто ова не е добра идеја; за во последниот дел да објаснам зошто верувам дека Биткоин е подобро структуиран да биде монетарниот модел на иднината и соодветна дигитална замена на кеш.

На ФБ страната Криптовалути Македонија еден од читателите отвори интересна дисксусија која е подолга (и уште трае) и најдобро е да ја сумирам во кус коментар-колумна како продолжение на текстовите. Во вид на негов коментар – моја реплика. Селектирав дел од коментарите, кои се поврзани донекаде.

Монетарната политика во суштина се грижи за стиабилност на цените, а цените не зависат од Биткоинот, па да ги загрозува монетарните политики. Напротив, нестабилниот биткоин само се шлепа на стабилните цени (во долари или во евра, што и да било). Никаква монетарна политика не загрозува ниту произведува биткоинот.

Монетарната политика се грижи за стабилноста на цените. Точно. Преку бавно, „стабилно“ намалување на вредноста на парите. Официјално, со инфлација од 2% годишно. Резултатот е:

Дополнително, политиката на централните банки може да биде променета во било кој момент. Тоеретски, без никој да биде прашан. И големото мнозинство граѓани нема да можат ништо да направат за тоа. Не ретко промените на монетарните политики воделе до хиперинфлација и целосно уништување на парите и економијата.

Монетарниот модел на Биткоин е „дефлационен“ и вграден во самиот софтвер – се заснова на лимитирана понуда на биткоини во износ од 21 милион кои се „копаат“ по предвидлива стапка (налик како што е лимитирана природно понудата на злато и постепено станува се потешко и потешко да најдеш ново злато), непроменлив и целосно транспарентен. Што е всушност директна спротивност на денешниот фијат концепт. Не е ова случајно. И логично, како негова спротивност, ако се покаже како подобар модел, Биткоин неизбежно ќе биде закана за постојниот модел на централните банки. Не гледам што е спорно тука.

„…зборот „монопол“ е поставен како да централните банки заработуваат нешто од вршењето на општо полезната работа за државата – обезбедување на стабилна валута. Воглавно работат за да бидат на нула, а сѐ што ќе заработат го враќаат на државата да го потроши. Тоа не е баш прав монопол, како кога некој приватник би заработувал. Тоа е монопол, колку што е монопол полицијата, царината итн. Односно функциите на државата која (би требало да) се грижи за народот да има ред и мир (полиција), да има заштита од надворешни стоки (царина) и да има стабилна пара за плаќање.“

Прво, основањето на централните банки, историски, имало за цел да ги финансира војните на монархиите. Преку принтање пари кои кралевите не можеле да ги соберат преку даноци. Нивната цел не е и не била наивна.

Дополнително, нема никаква разлика тоа што централните банки се непрофитни организации. Во однос на монетарните политики, имаат монопол. Во однос на „производство на пари“, имаат монопол. И оваа монополистичка природа има свои инхерентни проблеми – како секоја државна институција, ѓаволски е тешко (благо кажано) рационално да се определуват каматните стапки, се подложни на политички влијанија и човечки грешки, итн. Зошто доколку би имале автоматизиран модел, независен од политички и човечки влијанија, и би функционирал, да не го примениме?

(продолжува)

Претходна статијаНајбрзиот суперкомпјутер во светот ставен на располагање на истражувачите за коронавирусот
Следна статијаДемант од А1 Македонија поврзан со настанот „Get in the ring Skopje 2020“
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.