Откако се објави предлог Регулативата на ЕУ за заштита на личните податоци (GDPR), во крипто светот се отвори дискусија дали постои судир помеѓу блокчеин технологијата и новите обврски од GDPR-от, особено правото да се биде заборавен (right to be forgotten/data erasure). Истото пред некој ден го поставија како прашање и колегите од It.mk.

Имено, блокчеин технологијата врз која се изградени криптовалутите како Bitcoin и Ethereum е всушност децентрализирана база на податоци која е непроменлива (immutable). Од друга страна, GDPR предвидува право да се биде заборавен по барање на субјектот, односно фирмата/институцијата да ги избрише личните податоци кои ги поседува за субјектот.

Најпрво, дел од криптовалутите, како Bitcoin, немаат сопственик на кој може да му се обратите да ги избрише вашите податоци. На еден начин, вие самите ги обработувате вашите лични податоци (особено ако сте мајнер/копач). Понатаму, на блокчеин-от не се објавуваат ваши лични податоци, туку енкриптирани податоци поврзани со вашата адреса – следствено, обврските од GDPR-от не се апликативни (некои мислат поинаку – зависи од тоа дали овие податоци можат да се поврзат со вас директно). И трето, дури и да се, правото да се биде заборавен не е апсолутно, односно во одредени ситуации организацијата не мора да го удоволи вашето барање. Особено ако друг закон определи дека одредени податоци не треба да се бришат (пр. даночните закони и други финансиски закони), и поради ова во иднина би се соочиле со одредени правни ситуации.

Ова се неколку причини зошто законите поврзани со приватноста не би требало да имаат голем ефект врз криптовалутите кои се генерално концепирани како privacy by design. Сепак, станува збор за новини на глобално ниво и регулаторните правила се далеку од очигледни во оваа фаза.