Иако не беше официјално потврдено од страна на Microsoft, наредната надградба од Windows 10 беше очекувана да започне од 10-ти април. Тој ден се погоди да биде и вторник, ден кога од компанијата ги пуштаат повеќето закрпи за оперативниот систем.

Како што знаете, со Windows 10 Microsoft започна систем на надградби на оперативниот кој вклучува две поголеми надградби, со нови функции, во годината, покрај стандардните закрпи.

На ред е верзијата 1803 која се’ уште неофицијално се нарекува Spring Creators Update, односно Пролетна Надградба за Творците, буквално ако преведеме. Ова значи дека од компанијата продолжуваат главниот акцент да го ставаат на овој вид на корисници, односно јас би рекол во преземањето на корисници од Apple.

Инаку, 10-ти април помина, а надградбата не започна да станува достапна за корисниците. Од Microsoft со оглед на фактот што ова дата никогаш не ја најавија официјално, не излегоа ни со информација зошто оваа недела на почна со пуштање на истата.

Според повторно неофицијалните информации, причината за тоа е откривање на „баг“ за време на изминатиот викенд, поради што е решено да не се почне со пуштање на надградбата.

Колку време ќе им треба од компанијата да го решат проблемот не може да ни е познато, па очекуваме дека сепак одложувањето нема да биде подолго од неколку недели во најлош случај.

Претходна статијаCambridge Analytica изгледа има дојдено и до пораките од Messenger на дел од корисниците
Следна статијаКраток став/мислење: Блокчеин и GDPR (правото да се биде заборавен)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.