Shutterstock.com

За неполни 10тина дена веќе цела Македонија стана свесна за ризикот со кој се соочуваме од Корона вирусот. На 29.01.2020 тука го споделив текстот на Насим Талеб и Џо Норман, двајцата експерти за управување со ризици од невообичаени настани, кои уште тогаш повикуваа на АГРЕСИВНИ ПРЕВЕНТИВНИ мерки од владите во најрана фаза, но и придонес од сите граѓани.

Владата веќе донесе мерки, а најголем придонес што сега може секој од нас да направи е да го минимизира времето поминато надвор од домот. Еден вид на „време со фамилијата/себе“ (подобар термин е family time од self-isolation). И некако ова време треба да се помине.

Еве 4 предлози кои може да ве држат 4-5 дена. :)

1 – Филм: The Secret Life of Walter Mitty (2013). Филмот е малку постар, но е преубава драма за желбата на еден (не)обичен работник да ја изврши својата последна обврска во фирмата како што треба. И која ќе го одведе во невообичаени прекрасни авантури. Особено препорачлив за луѓе кои сакаат авантури и шетање, а кој сега се заглавени дома.

2 – Текст: Како да се справиме со пандемични вируси? Насим Талеб, еден од највлијателните мислители кога станува збор за управување со ризици, објави куса белешка поврзана со справување со Коронавирусот и слични типови на невообичаени настани кои се опасност за целото човештво. Оние што ме следат на ФБ, знаат дека барав агресивни превентивни мерки уште на почеток на февруари – сериозноста на вирусот го сфатив уште тогаш, поради овој текст. Или, одговорот на Волтер Блок за либертаријански став за карантин. Во неколкуте коментари има исто добри поенти.

3 – Стрип: Undiscovered Country. Откако пред некој ден САД затвори граници со Европа (за луѓе) веднаш ми текна на стрипов. Станува збор за свет кој се соочува со епидемија од смртоносен вирус и тим кој е испратен во САД за да најде лек. Проблемот е што САД пред многу години, буквално преку ноќ, се затвориле скроз и стануваат недопстани на ниту еден начин за остатокот од светот.

4 – Виртуелни музеи. Пред некој ден Travel and Leisure објави листа на 12 светски музеи кои може да ги „посетите“ од компјутер. Дур седиш дома. Со оглед на тоа дека најверојатно ќе потрае кризава со Корона вирусот, имаме време да ги „расшетаме“ сите 12.

Седете дома. Излегувајте само кога морате. И забавувајте се.

Ќе мора да се издржи 2-3 недели (се надевам не повеќе, ама и тоа не се исклучува).

Претходна статијаMicrosoft претстави мапа за следење на COVID-19 случаите во светот
Следна статијаАкција „Држете растојание” за доброто на сите
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.