Microsoft преку нивниот интернет пребарувач Bing претстави мапа преку која може да се следат случаевите со COVID-19 во светот. Оваа мапа е слична на повеќето други кои може да се видат на интернет, но има една предност, добра оптимизација за мобилните, нешто што другите го немаат.

Оваа мапа покрај тоа што ги прикажува бројките на потврдени, активни, излечени и починати случаеви, прикажува и новости поврзани со земјата која во моментот ја гледате. За жал, новостите не се баш добро избрани, па слободно може да се каже дека во моментот истите се тотално бескорисни, но можеби ќе успеат да го средат алгоритамот со тек на време.

Информациите на мапата се прикажани од неколку извори, меѓу кои Светската Здравствена Организација, Центрите за Контрола и Спречување на Заболувања на САД, Европскиот Центар за Контрола и Спречување на Заболувања, како и Википедиа.

Од мапите што може да се најдат исто така постои разлика во тоа колку често се ажурираат информациите, а оваа на Microsoft како што можевме да видиме тоа го прави подобро од некои од достапните, но не е и најдобрата.

Мапата можете да ја отворите на овој линк.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаSamsung ја лансираше Jet™ Cordless Stick правосмукалката со високи перформанси
Следна статија4 препораки за додека #СедитеДома
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.