Сундар Пичаи е 47-годишен директор кој беше промовиран на челната позиција на Гугл по повлекувањето на основачите Лери Пејџ и Сергеј Брин од секојдневното менаџирање на компанијата. На 22 јануари Адам Лашински од Fortune го објави првото интервју на Сундар Пичаи откако беше промовиран за Генерален извршен директор (CEO) и на Алфабет, мајката компанија на Гугл (инаку го предводи Гугл уште од 2015).

Станува збор за интервју во кое Сундар дава поглед од „менаџмент собата“ врз целото работење на една од најмоќните корпорации на денешницата.

Најпрво, објаснува зошто Гугл има потреба од две компании – Алфабет и Гугл. Имено, преку Алфабет Гугл се фокусира на одредени проекти со потенцијален ефект на долг-рок (самоуправувачки возила, Google Fiber, интернет балони, „паметни“ очила, вештачка интелегенцијаи сл. проекти). Нормално, поради природата на проектите потребен е поинаков тип на менаџмент од она што е потребно за управувањето со Гугл. Поделбата е природна.

И всушност ова е единственото прашање кое би го издвоил од интервјуто. Интервјуто содржи генерални прашања на кои Сундар дава куси одговори – да не речам досадни/празни. На пример, кога го прашуваат кој е најголема конкуренција на Гугл објаснува како они самите си биле најголема конкуренција? Или пак на прашањето за стратегијата на Гугл доколку регулаторите се обидат да ја „расцепкаат“ компанијата, тој одговара со нешто округло па на ќоше:

Имајќи ја нашата големина свесни сме дека ќе бидеме под лупа. Секогаш сме конструктивни, и прифаќаме сугестии и во ситуации за кои не се согласуваме целосно. Очигледно, имаме разбирање за улогата на регулаторатите.

Вау…

Во критика на интервјуто насловена „Sundar Pichai says as little as possible” Кејси од Verge објаснува дека вакви празни интервјуа во кои директорите на ИТ гигантите „одат по јајца“ станаа стандард во САД. Едноставно, секое прашање го одмеруваат како „потенцијален правен проблем и преговарање со заложник“. Што е разбирливо откако станаа толку моќни и големи што бодат очи на политичките елити и одредени активистички групи. Сепак, Кејси потенцира, работата на новинарот е да извади максимум и да го предизвика избегнувањето на давање одговори кога веќе ти дошол на интервју. Или, да ги бараш одговорите кај други извори.

Едноставно, Генералните директори немаат монопол врз тоа како функционираат нивните компании.

Претходна статијаИ од Велес се може: Ако имате бизнис идеја, ова е шанса да ја реализирате
Следна статијаЗапочнува пријавувањето за „Авицена Женска Трка“
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.