Фото: NASA

Без разлика што ќе се случува со наредните летови, Ingenuity хеликоптерот од NASA веќе направи доволно за да влезе во историјата. Овој хеликоптер, кој дојде заедно со најновиот ровер од агенцијата Perseverance, има за мисија да ги тестира можностите за лет на Марс, каде атмосферата е многу поретка од таа на Земјата, а помала е и гравитацијата.

Ingenuity досега имаше пет успешни летови без никакви проблеми, а и шестиот лет може слободно да се нарече успешен. Појавата на аномалија при овој лет, само додава на успехот покажувајќи дека системите на хеликоптерот се доволно добро дизајнирани да може да се справат со потенцијалните проблеми.

Пишувајќи за случката при последниот лет, од NASA објаснуваат и како функционира системот за навигација на Ingenuity. Тие истакнуваат дека додека е во лет, хеликоптерот го следи своето движење преку систем наречен IMU – inertial measurement unit, кој ги мери забрзување и стапките на ротација.

Овој систем работи во комбинација со посебна камера за навигација која испраќа по 30 слики во секунда и помага во тоа да се одреди локацијата на хеликоптерот.

Пропуштање на една слика и поради тоа погрешна ознака за времето на добивање од останатите, прави да Ingenuity почнува да ја прилагодува својата позиција, односно да ја менува насоченоста, а со други зборови тоа може да се опише и како губење на контролата.

Сепак, системот е замислен да при слетување не се користат сликите од камерата, па Ingenuity успева да слета без никакви проблеми, со само 5 метри промашување на претходно планираната локација.

ИЗВОРNASA
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаЕУ ја одобри германската шема од 2,1 милијарди евра за 4G и 5G мрежите
Следна статијаОд денеска веќе не важи неограничениот простор на Google Photos
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.