Shutterstock.com

Една од најпопуларните карактеристики на Google Photos од денеска веќе не е достапна за корисниците, освен за одредени Pixel модели. Се работи за можноста за зачувување на неограничен број на слики во „облакот“ и со тоа да се заштеди просторот на мобилниот, но и да се имаат сликите на секој уред во секое време.

Единствениот услов за користењето на неограничениот простор беше да сликите се прикачат во намален, компресиран квалитет кој од Google го нарекуваа High Quality. Доколку корисникот сакаше да ги зачува сликите во нивниот оригинален квалитет, тогаш тие се броеја кон просторот достапен на корисникот од неговата Google сметка.

Од денеска, сите прикачени слики, без разлика во кој квалитет, ќе се бројат кон просторот достапен на сметката на корисникот.

Со секоја Google сметка корисниците добиваат 15GB простор во „облакот“ кој можат да го користат за Google Docs документите, слики, а и генерално било што би сакале да прикачат преку Google Drive.

Од Google истакнуваат дека повеќето корисници ќе имаат уште 3 години додека стигнат до лимитот на својот простор и доколку продолжат да ги зачувуваат сликите во компресиран формат, односно не во оригиналниот.

Google минатата недела претстави и нова алатка која ќе им помогне на корисниците да го намалат просторот којшто го користат. Оваа алатка ги наоѓа и нуди да се избришат заматените слики, големите видеа, како и screenshot сликите.

Шансите се дека повеќето корисници се далеку од лимитот од 15GB, па можат да продолжат да ја користат Google Photos уште долго време без проблем. Секако, условот за тоа е да се прикачуваат сликите во намален квалитет, а доколку се надмине лимитот Google овозможува 100GB простор за 2 долари месечно, што за корисниците кои навистина често сликаат и им користи просторот, не е голема сума.

Претходна статијаШестиот лет на Ingenuity помина со мал проблем во навигацијата, но сепак со успешно слетување
Следна статијаСо апликацијата „CommonPass“ поедноставување за начинот на патување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.