Ingenuity хеликоптерот на NASA кој ги тестира можностите за лет на Марс, го направи својот петти успешен лет на оваа планета. За разлика од претходните летови, овој лет беше во еден правец, односно Ingenuity не се врати на местото од каде полета, па продолжи на друга локација која сега ќе биде неговата „писта“ за тестирање.
Главната причина за промена на локацијата е движењето на Perseverance роверот, со кого Ingenuity дојде на Марс. Преку роверот Ingenuity може да комуницира со Земјата и да ги испраќа своите податоци и слики.
Ingenuity досега успеа да ги надмине сите очекувања и докажа дека лет на Марс е возможен. Се понатаму може слободно да се каже дека е екстра информација која ќе ја добиваат научниците од NASA. Хеликоптерот сега ќе продолжи со нова фаза на тестирање која ќе вклучува повеќе истражување, менување на локацијата и слично, покажувајќи дека едно вакво летало може да се покаже како доста корисно за местата каде роверите не можат да стигнат.
Петтиот лет се изведе во петокот и достигна рекордна висина од 10 метри кога хеликоптерот стигна на новата локација која се наоѓа на оддалеченост од 129 метри.
Погодноста за слетување и продолжување на демонстрациите на новата локација е откриена преку таканаречената „aerial scout“ мисија на Ingenuity, односно воздушен извидник, која му овозможи на хеликоптерот да креира дигитална мапа за издигнување на теренот.