Shutterstock.com

По одобрувањето на вакцината од Pfizer и BioNTech, американската Администрација за храна и лекови (FDA), ја одобри и втората вакцина за COVID-19 во оваа земја. Оваа одлука беше очекувана со оглед на објавените резултати од третата фаза од тестирањето на вакцината од Moderna, која сега ја има втората вакцина која доби одобрување за итна употреба.

Оваа вакцина има ефикасност од 94,1%, а исто така се има покажано како ефикасна во спречување на развој на посериозна форма од COVID-19 болеста. Тоа значи дека во тестирањето на оваа вакцина, луѓето кои сепак добиле COVID-19, а ја примиле вакцината, не развиле посериозна форма, за разлика од тие кои примиле плацебо.

Со ова во светот до сега се одобрени две вакцини кои може да се користат за конечно ставање крај на оваа криза која ја направи 2020 една од најспецифичните години во поновата историја.

Уште две вакцини ја имаат завршено третата фаза од тестирањата, а тоа се вакцината од AstraZeneca и Oxford, која сепак дополнително ќе се тестира поради покажаната помала ефикасност во споредба со првите две вакцини, како и предвреме одобрената, но на крајот ефикасната вакцина од Русија, Sputnik V.

Двете вакцини кои се сега официјално одобрени во САД се направени на нова технологија која првпат се употребува официјално. Таа е наречена mRNA и за разлика од „стариот“ начин на правење вакцини преку ослабнат вирус, овие нови вакцини му даваат инструкција на организмот да го произведе протеинот од вирусот, преку кој тој влегува во клетките. Со тоа во организмот се создава само тој дел од вирусот, без ризик дека може да биде заразен човекот, по што организмот почнува да ги создава антителата кои се борат против него.

Претходна статија„Бритиш Американ Тобако“ (БАТ) преминува во првата фаза од клиничкото испитување на вакцината за КОВИД-19
Следна статијаИзбрано победничко решение на предизвикот „Портал за отворени општини“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.