Shutterstock.com

При крајот на минатиот месец, британската AstraZeneca која соработува со Oxford, ги објави резултатите од третата вакцина во светот која стигна до фазата кога може да се бара одобрување за заштита од COVID-19.

За разлика од другите две вакцини за кои беа објавени резултатите нешто порано, вакцината ChAd0x1 од AstraZeneca и Oxford имаше нешто послаби резултати. Тие резултати се сега и официјално објавени и остануваат на истото ниво кое ќе ја стави оваа вакцина во понезавидна позиција во споредба со другите.

Вакцината од AstraZeneca има ефикасност од 62%, резултат добиен од 90% од луѓето кои биле дел од тест фазата. Резултатите излегуваат послаби поради тоа што се сметало дека ставањето на целосни две дози ќе даде подобри резултати, но сепак не се покажало така.

Ефикасноста од 90% на вакцината се постигнува со внесување на половина доза првиот пат, па целосна доза после 21 ден.

Поради ова, од компанијата истакнуваат дека медицинските власти во земјите ќе треба самите да одлучат кое дозирање ќе го користат, за што веќе имаат поднесено барање за одобрување на вакцината.

Оваа вакцина исто така има покажано дека овозможуваа заштита од развивање на сериозна форма на болеста уште од првата доза, нешто што е можеби и најважно за ставање на крај на пандемијата, со значително намалување на смртните случаи и полнењето на болниците.

Покрај послабите резултати, вакцината од AstraZeneca има и уште една критика, а тоа е слабата разновидност на луѓето кои учествувале во тестирањата, како и нивната возраст. Повеќето учесници биле до возраст од 55 години, со што од тестирањата не се добива претстава каква ефикасност има оваа вакцина за најризичната група, над 60 години.  

Сепак, оваа вакцина има и предности. Поради тоа што не е направена на новата mRNA метода, истата може да се чува во обични фрижидери, а исто така е чини многу помалку. Поради ова се очекува дека оваа вакцина исто така ќе биде доста барана во светот и покрај помалата ефикасност.

Од Oxford истакнуваат дека вакцините направени на mRNA ќе треба да се почека и да се види колку месеци тие што ја примиле ќе имаат имунитет, нешто кои е подолгорочно кај „старите“ вакцини.

Инаку, вакцините направени на новата mRNA метода се сметаат за еден вид на револуција во медицината, а се очекува во иднина да овие вакцини овозможат лек за рак и други сега проблематични болести.

Вакцината од Moderna има ефикасност од 94,1%, додека таа од Pfizer и BioNTech 95%.  

ИЗВОРThe Guardian
Претходна статијаBrainster креираше бесплатна дигитална алатка за кариерно насочување
Следна статијаSamsung One UI 3 доаѓа со Android 11 и го подигнува корисничкото искуство на ново ниво
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.