Shutterstock.com

Уште една вакцина доаѓа до фазата кога може да се очекува официјално одобрување, а со тоа во светот има три вакцини. Тука треба да се додаде и руската вакцина која веќе е одобрена, иако и таа уште е во третата фаза, но изгледа и таа ќе се покаже како доста ефикасна.

После американските Pfizer кои соработуваат со германската BioNTech, како и Moderna, на листата на вакцини кои исто така се при крај на тестирањето сега може да се додаде и таа од компанијата AstraZeneca која својата вакцина ја развива во соработка со Oxford.

Оваа најнова вакцина сепак има нешто помала ефикасност, па така зависно од дозата при тестирањето, вакцината од AstraZeneca и Oxford покажала ефиксност од 62-90%.

За споредба, вакцината од Moderna има ефикасност од 94,5% и добро се има покажано за исходи со посериозна форма на болеста. Исто така, оваа вакцина, иако треба да се чува на доста ниска температура, сепак може да се пренесува и чува во многу полесно достапни услови за разлика од таа на Pfizer.

Вакцината од Pfizer и BioNTech, чија главна маана е многу ниската температура за транспорт и чување, поради која доста земји нема да можат да ја користат, има ефикасност од 95%.

Британската вакцина, односно таа од AstraZeneca и Oxford покажува просечна ефикасност од 70%, односно таа зависела од дозата која им се дава на луѓето.

Така, доколку била дадена половина доза, па потоа целосна доза во второто вакцинирање, оваа вакцина исто така се прима два пати во растојание од месец дена, ефикасноста била 90%.

Доколку во двете вакцинирања била дадена цела доза, тогаш ефикасноста била 62%. Ова е во рамките на ефикасноста на вакцините за сезонски грип, но доста помала од таа на другите две компании.

Сепак, главната предност на оваа вакцина е тоа што таа може да се чува во „нормални“ услови и температура, што значи дека земјите кои ќе немаат услови за чување на другите две вакцини, односно посиромашните земји, сигурно ќе се решат за купување на оваа вакцина.

Причината поради која оваа вакцина не бара толку ниски температура за чување е што таа е направена на „стариот“ начин на правење на вакцини, односно преку деактивирање на вирусот, додека другите две вакцини се направени на новата mRNA технологија.

ИЗВОРCNBC
ИЗВОР 2Forbes
Претходна статијаПредизвиците со кои се соочуваат медиумите за време на пандемијата КОВИД-19 и важноста на слободата на медиумите
Следна статијаПаметните очила HUAWEI X GENTLE MONSTER Eyewear II се веќе достапни на македонскиот пазар
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.