Shutterstock.com

По објавата на информациите дека вакцината која ја развиваат компаниите Pfizer од САД, во соработка со германската BioNTech, има ефикасност над 90%, сега тие излегоа со повеќе информации.

Според деталните информации, кои сепак има уште додека бидат точно проверени, ефикасноста на вакцината од овие две компании е 95%. Ова го објавуваат компаниите само неколку дена од објавата дека конкурентната вакцина од Moderna има 94,5% ефикасност.

Ова секако ги зголемува надежите дека идната година ќе започне враќањето на животот во нормала, а се што ќе треба да се почека доволно време за да се вакцинира доволен број од населението.

Според резултатите, вакцината од Pfizer и BioNTech е тестирана на околу 44.000 учесници од кои дел ја имаат примено, а дел примиле плацебо. Од оваа бројка, болеста COVID-19 ја имаат добиено вкупно 170 учесници, а само 8 биле од групата која ја има примено вакцината, додека останатите биле од плацебо групата.

Во случајот со Moderna, COVID-19 добиле 95 учесници од 30.000, од кои 5 биле од тие кои ја имаат примено вакцината. Кај оваа вакцина е важно и што никој од тие 5 немаат развиено посериозна форма од болеста.

Од 8-те заболени кои ја примиле вакцината на Pfizer и BioNTech, 1 учесник развил посериозна форма од болеста.

Ова се одлични резултати од двете, односно трите компании, но според информациите, сепак за наши услови повеќе погодна би била таа од Moderna, поради можноста да се чува и транспортира на повисока температура.

ИЗВОРPfizer
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаКонференција “Жените лидерки во бизнисот – Трансформација на бизнисот и животот“ во рамки на Глобалната недела на претприемништво
Следна статијаПродолжува акцијата на Mozzart за донација на лаптопи во основни училишта – овој пат доделени во ООУ Јан Амос Коменски
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.