Shutterstock.com

Иако русите ја одобрија својата вакцина уште пред почетокот на Фаза 3, сепак дури сега официјално може да кажеме дека светот добива уште една ефикасна вакцина за COVID-19. Sputnik V сега ги има официјалните резултати од тестирањето од третата фаза, која е најважна, а тие покажуваат ефикасност од 91,4%, што може слободно да се стави во рамките на другите одобрени или пред одобрување вакцини.

Sputnik V конечно ја завршува третата фаза после која требаше да дојде одобрувањето, а резултатите се одлични. Нив ги објавува компанијата Russian Direct Investment Found, која е и задолжена за промоција на вакцината.

Во тестирањето учествувале 22.714 луѓе, а како и што е практиката, на дел им била дадена вакцината, на дел плацебо. Од оваа бројка на луѓе, 78 ја добиле болеста, а според бројот од тие кои ја примиле вакцината се добива ефикасност од 91,4% на вакцината.

Исто така се истакнува дека од тие што ја добиле болеста, а ја примиле вакцината, никој не развил сериозна форма, со што може да се каже дека вакцината овозможува заштита и од тоа.

За разлика од првите две вакцини кои ги објавија своите резултати и кои се направени на новата mRNA метода, вакцината Sputnik V е направена на „стариот“ начин, односно слично како вакцината од AstraZeneca и Oxford, односно вакцината е направена со измена на вирус од обична настинка.

Овој начин на правење на вакцината ја има и предноста за транспорт, како и пониска цена.

ИЗВОРThe New York Times
Претходна статијаOppo претстави свој концепт за телефон со екран кој се превиткува
Следна статијаMicrosoft Authenticator официјално добива можност за синхронизација на лозинки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.