Фото: Shutterstock.com

Преку писмо до адвокатите на Twitter, Елон Маск информира дека планира да продолжи со договорот за купување на компанијата. Како што знаеме, тој сакаше да се откаже од договорот, односно од намерата за купување на мрежата, поради тврдењето дека лажните и спам сметки сочинуваат многу поголем процент од тоа што официјално се кажува.

Поминаа месеци во обвинувања кои резултираа со тужба од страна на Twitter за што судењето требаше да почне за две недели од сега. Од компанијата позитивно одговорија на новата информација од Маск, што значи дека сега треба да се почека на реакција од судот за да се види како ќе се продолжи.

Минатиот месец мнозинството од акционерите на Twitter гласаа за понудата од страна на Маск за купување на компанијата, односно на нивните акции. Во тоа време тоа делуваше како не толку важна одлука, но сега гледаме дека сепак нема да остане така.

Дали ова значи дека конечно Twitter добива нов сопственик ? Останува да видиме во периодот што следи.

Едно се очекува од преземањето на Twitter од страна на Маск, а тоа е намалување на мешањето во што е тоа што корисниците го објавуваат. Изминатите години друштвените мрежи почнаа да се сметаат себеси за одлучувачи што е вистина, а што не, па многу објави беа отстранувани како лажни, само зошто некој не се сложува со нив, а не зошто навистина не се точни. Дури и да се објавуваат лажни информации, идејата зад ваквите мрежи е тоа да се остави, освен објавите кои повикуваат на насилство и слично.

Корона кризата беше одличен пример за тоа што се случува. Многу сметки беа блокирани и објави отстранети поради тврдења кои во 2022 веќе знаеме дека се точни.

Сумата по акција која Маск треба да ја плати за Twitter останува иста, односно треба да продолжи извршувањето на оригиналниот договор според кој тој треба да плати 44 милијарди долари за оваа мрежа.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаЕксперти од Google во Македонија – Светски познатата компанија CrazyLabs веќе 10 години во партнерство со Google
Следна статијаРецензија T Phone Pro – Одличен дизајн, супер перформанси, чисто Android искуство и одлична цена
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.