Фото: Shutterstock.com

Акционерите на Twitter на краток состанок гласаа за одобрување на понудата од страна на Елон Маск за купување на компанијата. Покрај гласањето за понудата, акционерите имаат гласано и за начинот на компензација на менаџерите на компанијата.

Понудата на Маск за купување на Twitter е доста над пазарната вредност и изнесува 44 милијарди долари, односно акционерите би добиле по 54,20 долари од акција.

Моментално не е познато дали Маск ќе мора да ја купи Twitter мрежата, поради тоа што тој се откажа од намерата, а Twitter го тужат за исполнување на договорот.

Како главна причина за откажувањето на Маск е верувањето дека Twitter има многу повеќе лажни сметки, ботови и спам сметки од тоа што официјално се кажува, со што целосно се менува бизнис проценката за можната заработка.

Судскиот процес од кој ќе се дознае дали Маск ќе мора да ја продолжи процедурата за купување на компанијата или ќе може да се откаже е закажан за октомври, но не е познато кога може да се очекува одлуката.

Деталите околу гласањето на акционерите на Twitter ќе бидат објавени во некоја друга прилика.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаThunderbolt ќе го добие истото подобрување на брзината од 80Gbps како USB4 2.0
Следна статијаОтворен нов IT хаб во Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.