Нетавил е средина која го стимулира развојот на локалната тек-сцена, поддржува IT настани и споделување знаење. Од почетници до искусни професионалци, етаблирани организации, и организатори на настани. Секој е добредојден во овој простор кој е место за иновации, размена на визии, идеи и постигнувања.

Без разлика дали си IT студент кој сака да научи повеќе или да запознае колеги или IT заедницата, или професионалец на кој му треба место за ко-воркинг, или имаш супер идеја за тек-настан, Нетавил е местото кое ќе ја поддржи твојата визија и ќе и помогне да се претвори во реалност.

IT студентите можат да присуствуваат на предавања, да запознаат професионалци и да уживаат во посебните попусти кои ги имаат во кафе-барот кој е дел од просторот. Блискоста до техничките факултети го прави местото лесно достапно до студентите. Простор во Нетавил е достапен за локалните IT факултети за нивните настани и едукативни потреби. Нетавил ќе биде место кое ќе го поддржи професионалниот развој на студентите и ќе го направи нивното учење повозбудливо и интересно.

Организациите, заедниците и организаторите на настани, можат да го резервираат социјалниот простор за нивниот следен IT настан. Без разлика дали организираш натпревар, хакатон, предавање, саем на кариера или средба на твојата група, Нетавил е место кое е достапно за сите настани од кои ќе има бенефит IT заедницата.

Професионалците, фриленсерите и експатите можат да го користат ко-воркинг просторот и да уживаат во пријатната работна средина. Тие можат да се сретнат со колеги, да разменуваат идеи додека пијат кафе, и да ги искористат предностите на локацијата.

Интернационалната софтвер компанија Netcetera ја поддржа креацијата на Нетавил. Поддржувањето на локалната IT заедница и на талентите е еден од главните принципи на компанијата. Замислата е Нетавил да го стимулира развојот на растечката тек-сцена во Македонија и да ги инспирира младите таленти да се пронајдат во IT светот.

Претходна статијаМнозинството од акционерите на Twitter ја одобрија понудата од Елон Маск за купување на компанијата
Следна статијаMeta го проширува тестирањето на Community Chats кај повеќе Facebook групи