Meta започнува со пошироко тестирање на нова функција за нивната Facebook друштвена мрежа која треба да им овозможи на корисниците започнување на разговори околу различни теми. Ова треба да ги замени и надогради класичните групни разговори кои сега можат да бидат поконкретни и не само во текстуална форма.

Community Chats се вика новата функција и истите можат да бидат креирани преку Facebook групите, но и директно преку Messenger.

Оваа функција веќе одреден период се тестира, а од Meta планираат да го прошират тестот на повеќе Facebook групи.

Замислата зад Community Chats е корисниците да можат да се поврзат околу одредени теми, а групите преку овој начин да можат да имаат посебни разговори зависно од темата.

Тоа што ги прави Community Chats уште покорисни, а доста оваа функција ја споредуваат со Discord, е можноста да се разговара преку аудио, покрај текстуално, а исто така и преку видео, за презентирање или покажување на одредени работи.

Администраторите можат да креираат и аудио канали каде учесниците можат да се вклучат со коментари, може да се додаде видео, а достапни ќе бидат и разговори само помеѓу администраторите, како и „view-only broadcast“ разговори за објава на одредени нови информации.

Како еден корисен пример од Meta го истакнуваат креирање на разговор од група на студенти по хемија кои можат да креираат аудио канали за група на студенти кои спремаат испит заедно, а тие можат да вклучат и видео за подобро објаснување на материјалот.

Администраторите ќе имаат повеќе можности за задржување на нивото на разговорите, а на ова од Meta имаат дадено посебно значење со оглед на тоа што за разлика од обичните групни разговори, Community Chats се замислени да бидат помеѓу доста луѓе кои не се познаваат меѓусебно.

ИЗВОРMeta
Претходна статијаОтворен нов IT хаб во Скопје
Следна статијаУспешно заврши првата академија Инфинум во Македонија со програма за развој на мобилни апликации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.