Фото: Shutterstock.com

Според законот за „Заштита на американците од апликации контролирани од странски противник“, TikTok официјално од 19 јануари веќе не смее да функционира во САД. Ова е поради тоа што единствениот услов за спас на апликацијата, продажба на друга компанијата, не беше исполнет. 

Сепак, како што беше претходно најавено, Доналд Трамп, кој денеска во 18 часот треба да инаугуиран како 47-ми претседател, го најави својот план да ја спаси оваа видео друштвена мрежа од забрана. 

Од TikTok излегоа со објава на X преку која ги информираат своите корисници дека апликацијата продолжува со функционирање и му се заблагодарија на претседателот Доналд Трамп. 

Трамп најави дека планира да донесе извршна одлука уште на првиот ден со која ќе го одложи блокирањето на апликацијата и планира да изнајде решение со кое истата ќе може да функционира, а ќе бидат заштитени и националните интереси на САД. Тој веќе најави некаков план за 50% сопственост на апликацијата од страна на американската влада, но тоа реално не менува многу од аспект на приватноста на апликација.

Како и да е, апликацијата продолжува да функционира во САД, но според информациите истата се’ уште не е вратена на Play Store и App Store. Google и Apple изгледа ќе чекаат официјална одлука за да го направат истото, а со цел да се заштитат од можните казни кои се дел од законот. Најавата на Трамп секако нема никаква правна тежина. 

Apple објавија и објаснување за тргањето на апликацијата, заедно со десетина други апликации од ByteDance. 

Директорот на ByteDance се очекува да присуствува на денешната инаугурација на Доналд Трамп, па може да се види дека претседателот има целосна промена на политиката кон оваа апликација кој во неговиот претходен мандат започна процес за нејзина блокада. 

ИЗВОРApple Insider
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаШто следи на крипто пазарот
Следна статијаЗабраната на TikTok, која не издржа повеќе од 12 часа, донесе неколку новини кај Instagram
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.