Фото: Shutterstock.com

На неколку денови пред стапувањето на сила на забраната на TikTok во САД, која е врз основа на закон донесен минатата година, се очекува дека истата нема да биде одложена, како што побара претседателот Доналд Трамп. 

ByteDance, компанијата сопственик на TikTok, исто така побара откажување на забраната пред Врховниот Суд, а како аргумент го искористи тврдењето дека тоа би претставувало прекршување на слободата на говор за корисниците. 

Според информациите, Врховниот Суд изгледа нема да одлучи да се одложи забраната на апликацијата, па што точно ќе се случува ќе дознаеме до 19 јануари. 

Сега според Bloomberg, кинеските власти размислуваат за можноста да сепак делот од TikTok кој функционира во САД биде продаден како што бара законот. Продажбата наводно се размислува да биде направена на Елон Маск кој директно или преку X би ја купил TikTok апликацијата и со тоа би можела да продолжи да функционира во земјата. 

Според ByteDance ова е целосно неточно, па истакнуваат дека „не може да се очекува тие да коментираат на чиста фикција“. 

Дел од изворите тврдат дека размислувањето во овој правец од страна на кинеските власти не е откриено на компанијата. 

Доколку ова се покаже како точно, работите навистина ќе отидат во интересен правец. Елон Маск би станал сопственик на уште една мрежа која има огромен број на корисници, а со тоа и огромно влијание. 

Од друга страна, доколку кинеските власти навистина размислуваат за вакво нешто, до некаде се потврдуваат тврдењата дека тие имаат големо влијание над ByteDance, нешто поради кое е и донесен законот во САД. 

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Al Jazeera
Претходна статијаХакирани податоците од компанија која работи со продажба на локацијата на корисниците на мобилните телефони
Следна статијаMeta започна со имплементација на Белешки од Заедницата во нивната Threads мрежа
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.