Во очекуван, но сепак изненадувачки потег, Марк Закерберг најави тргање на досегашниот систем за проверка на фактите кој функционира на Facebook, Instagram и Threads со систем сличен како тој на X.
Ова секако е резултат на големата победа на Доналд Трамп на изборите во САД и најавата на доста компании дека ќе се тргнат од досегашните практики на цензура, промоција на „воук“ заедницата и слично.
Замената на системот за проверка на факти, кој е целосно пристрасен и контролиран од демократите во САД, ќе биде заменет со таканаречени Белешки од Заедницата, нешто што одлично функционира на X.
Овој нов систем во основа остава на корисниците да истакнат кога некоја објава е неточна, лажна или намерно погрешна. Со доволно голем број на корисници кои ја пријавуваат објавата и објаснуваат зошто, под објавата може да се појави белешка која ќе го истакне истото.
Meta полека започнува со имплементација на овој систем, па истиот е забележан прво на Threads. Од тоа што може да се види, системот ќе функционира исто како на X, па засега барем теоретски можеме да очекуваме многу подобра состојба на мрежите од Meta.
Во месеците што следат овој систем треба да биде имплементиран и кај Facebook и Instagram, а од компанијата веќе ги намалија голем дел од досега забранетите теми за објава.