Еден ден подоцна од планираното, Blue Origin успешно ја заврши својата втора мисија со луѓе, по успешното прво летање во кое дел беше и основачот на компанијата Џеф Безос.

Овој втор лет може да се каже дека привлече уште повеќе внимание поради тоа што еден од четирите патници беше и познатиот актер Вилијам Шатнер, кој иако имаше повеќе улоги, најпознат остана по улогата на капетанот Џејмс Т. Кирк во првата Start Trek серија.

Летот официјално беше направен вчера со почеток во 16:49 според македонско време и траеше нешто повеќе од 10 минути. New Shepard ракетата по одвојувањето од капсулата се врати назад на земјата, со сега веќе стандардните вертикални слетувања.

Висината до која летаа патниците беше нешто повеќе од 100 километри, висина која се смета како граница после која почнува вселената. По неколку минути во бестежинска состојба, капсулата почнува да се враќа назад кон Земјата, па со помош на падобранци успешно слета.

Покрај Вилијам Шатнер, дел од летот беа, сега веќе официјално астронаутите, Др. Крис Бошуизен, Одри Пауерс, како и Глен де Вриес.

По слетувањето, Вилијан Шатнер во разговор со Џеф Безос го опишуваше незаборавното искуство, по што низ солзи ја опишуваше Земјата и му се заблагодари на Безос за можноста која му ја пружил. Тој исто така истакна дека не сака никогаш да го изгуби моменталното чувство кое го има после летот.

Познатиот Нил деГрас Тајсон на своите профили на друштвените мрежи објави слика со Шатнер и напиша дел Вил ќе достигне брзина од мах 3, која е 0,00034% од Warp Factor 1, но тоа е само почеток.

Преносот на целата мисија можете да го погледнете во продолжение.

ИЗВОРBlue Origin
Претходна статијаМакедонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија
Следна статијаLoveFrom на Џони Ајв ја пушти својата веб страна и истата е составена само од краток текст
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.