Угледот којшто го има познатиот Џони Ајв прави да секој негов потег претставува вест, па дури и кога се работи за пуштање на обична веб страна. Ајв е познат како еден од најблиските соработници на Стив Џобс, одговорен за дизајнот на производите на Apple. Тој ја напушта компанијата во 2019 година кога ја ко-основа LoveFrom, компанија која досега ги објави Airbnb и Ferrari како свои клиенти.

Официјалната страна на LoveFrom е направена во очекуваниот минималистички стил по кој е познат Ајв. Истата нема слики, менија, линкови, па дури и нема контакт информации. Кога ќе се отвори прво се гледа само курсор кој трепка, по што се испишува името на компанија, па со „скролање“ надоле, се прикажува само краток текст.

Фонтот во кој е напишан текстот е LoveFrom Serif, односно фонт развиен од страна на компанијата.

„LoveFrom е креативен колектив. Ние сме дизајнери, архитекти, музичари, креатори на филмови, автори, инженери и уметници. Можеби не познавате од нашата претходна работа. Ние сме опседнати со традицијата на создавање и правење. Фанатично сме посветени на совршенството. Ненаситно љубопитни. Ние соработуваме со лидери и основачи. Ние работи на проекти за задоволство. Ние развиваме наши идеи. Љубов и бес.“ – гласи текстот како единствена содржина на lovefrom.com.

Претходна статија„Капетан Кирк“ успешно леташе до работ на вселената
Следна статијаОтворен повик за млади креативци до 27 години: Награда за најдобра идеја од 3000$ за надминување на последиците од КОВИД пандемијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.