На изненадување на јавноста, Џони Ајв, познатиот човек од Apple кој стои за дизајнот на производите во оваа компанија, уште од времето на Стов Џобс, ја напушти компанијата и отвори своја компанија специјализирана во дизајн.

Подоцна излегоа информации дека неговото излегување и не било така брзо и за изненадување, а во компанијата се случувале работи подолго време поврзани со неговото задоволство од околината и работата.

Ајв ја продолжува сепак соработката со Apple, но сега преку неговата компанија која ќе ги има Apple како клиент.

Со оглед на тоа кој е угледот на Џони Ајв, очекувано беше дека неговата компанија ќе почне соработка со некој од познатите брендови во светот, а само прашање на време беше каква ќе биде таа листа со тек на време.

Airbnb најавија дека почнуваат соработка со LoveFrom, односно со Џони Ајв, со кого ќе ги дизајнираат наредната генерација на производи и сервиси. Се најавува долгорочна соработка, а Џони исто така ќе работи на промена и организирање на дизајн тимот внатре во Airbnb.

Што точно ќе биде резултатот на оваа соработка, дека сепак Airbnb е компанија преку која се изнајмуваат соби, па ќе биде интересно што точно ќе претставуваат нови производи.

„Џони и јас сме добри пријатели многу години и тој беше доволно добар да ми дава насоки и совети. Ние го делиме верувањето во вредноста и важноста на креативноста и дизајнот. Двајцата веруваме не само во правење објекти и кориснички интерфејси, туку во развојот на сервиси и доживувања. Имаме видено како дизајнот може да донесе до доверба и да овозможи поголема човечка поврзаност, нешто за коешто луѓето се очајни во време на нестандардна осаменост и неповрзаност.“ – истакна директорот на Airbnb.

ИЗВОРAirbnb
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаАпликацијата Skopje ZOO нè мотивира да научиме повеќе за животните
Следна статијаHuawei ја претстави Mate 40 серијата на телефони со подобрувања кај сите карактеристики
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.