Коронавирусот кој ја предизвикува таканаречената COVID-19 зараза, веќе е доволно проширена во светот за да сигурно мал е бројот на тие кои не се интересираат за најновите информации поврзани со вирусот, меѓу кои и бројката на заразени во близина.

Хакерите, како што би се очекувало, ја искористуваат ова ситуација за да дојдат до лични податоци од корисниците, како што се кориснички имиња од сервисите, лозинки, па дури и платежни картички.

Ова го прават преку креирање на лажни веб страни со информации за вирусот, а посебно страни со мапи, каде што на корисниците им се нуди инсталација на програма која ќе ги информира редовно за што се случува.

Страните изгледаат легитимно, а истите и влечат информации од вистинските страни, што значи дека корисниците и навистина можат да добијат точни информации, но со симнувањето на датотеката, тие им даваат пристап на хакерите.

До откритието доаѓаат од Reason Labs кои истакнуваат дека се користи малициозен софтвер од пред 4 години, наречен AZORult. Овој софтвер ги краде информациите од интернет прелистувачите на корисниците, а во нив покрај отворените веб страни, често се чуваат и лозинки, како и платежни картички.

Датотеката го носи името Corona-virus-Map.com.exe, а како што може да се види од сликата, таа изгледа исто како и официјална страна од која може да се добијат точни податоци без притоа да се биде жртва на крадење на личните податоци.

Веќе пишувавме за тоа каде можете да го следите ширењето на вирусот, овие мапи се само онлајн, па доколку некаде наидете и на датотеки која треба да ја симнете, не го правете тоа, а исто така не ја користете веќе таа страна за добивање на информации.

ИЗВОРThe Hacket News
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаAmazon ќе ја продава својата технологија за продавници без редици и каси
Следна статијаШто се случува со Џек Дорси и Твитер?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.