Amazon Go е одличен концепт на продавници кои минатата година можевме и лично да го пробаме во Сан Франциско. Се работи за продавници кои немаат каси, а со тоа и редици, а купувачите се што им треба го ставаат во ранци, кеси или било што друго, по што излегуваат и автоматски им се наплаќа преку Amazon Go апликацијата.

Корисниците се што треба е да на влезот го прикажат кодот од својата апликација на скенер, по што можат да влезат и се што ќе земат се става на нивната сметка.

Сето ова може да функционира благодарение на системот составен од многу камери, па дури и сензори за тежината на полиците. Корисниците не е важно каде ќе го постават производот, а дури може и да го вратат, а системот ќе го препознае тоа.

Сега овој систем Amazon планира да го продава на сите заинтересирани маркети со цел и тие да воведат вакви продавници. Единствената разлика би била во тоа што корисниците нема да можат да ја користат својата Amazon Go апликација, па влезот ќе се овозможува преку поминување со платежната картичка од која потоа ќе биде наплатено тоа што е земено.

Сервисот којшто ќе им биде достапен на другите ќе го носи брендот на Amazon, а конкретно ќе биде наречен Just Walk Out. Корисниците на тој начин ќе знаат од кој бренд им е овозможено купувањето.

Ова дефинитивно е нешто што нема кој купувач не би сакал да го има во своето маало, па се надеваме дека во блиска иднина би можеле да видиме вакви продавници и кај нас.

ИЗВОРPCMag
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаWindows 10X ќе има нов и редизајниран File Explorer
Следна статијаХакери ја искористуваат популарноста на страни кои прикажуваат мапа од ширењето на коронавирусот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.