Официјалното пуштање на Windows 10X треба да биде оваа година, со пуштањето во продажба на Surface Neo, уредот со двоен екран од Microsoft кој привлече големо внимание при неговата презентација минатата година.

Овој оперативен систем е значително „олеснета“ верзија од Windows 10 која е наменета за овие посебни уреди и која доаѓа со ново старт мени кое нема плочки, а направени се промени и во таскбарот, центарот за известувања и слично.

Со оглед на тоа дека овој оперативен систем е наменет за уреди кои во главно ќе се користат со екран на допир, очекувано е дека промени ќе има и во некои од апликациите, со цел да бидат прилагодени за целосно новите уреди.

File Explorer е една од тие апликации која е доста популарна и кај Windows 10, а корисниците веќе одамна бараат модернизирање на оваа апликација кај компјутерите.

Од тоа што може да се види од сликите кои ги објави Windows Central, Microsoft спрема целосно нова верзија од File Explorer која ќе им биде достапна на корисниците на Windows 10X.

Апликацијата делува доста едноставно, а главниот акцент е ставен на синхронизацијата со OneDrive, а може да се каже и дека корисничкиот интерфејс доста потсетува на OneDrive на веб.

Оваа нова апликација јас би ја споредил и со истата апликација која има е достапна на корисниците на iPad од Apple, а исто така во преден план е синхронизацијата со iCloud.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаБиогоривата загадуваат за 60 проценти помалку од фосилните горива
Следна статијаAmazon ќе ја продава својата технологија за продавници без редици и каси
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.