Позната е „караницата“ помеѓу Елон Маск и Сам Алтман од OpenAI, во главно поради критиките за правецот на компанијата која започна како отворена компанија која нема да работи за профит. Алтман тоа сака да го промени, а Маск не ретко го критикува за тоа, но и ја тужи компанијата.
Сега според информациите кои прво ги објавија од The Wall Street Journal, Маск сака да ја купи OpenAI. За тоа тој нуди 97 милијарди долари, а понудата доаѓа од неговата xAI, заедно со Baron Capital и уште неколку други.
Маск е и ко-основач на OpenAI која започна со работа во 2015 година, но тој излезе од истата, а сега е и сопственик на конкурентната xAI.
Засега не е познато колку е сериозна оваа понуда и дали ќе направи проблем со планираното преструктуирање од непрофитна во профитна компанија.
Сем Алтман преку X ја одби понудата и понуди тие да ја купат Twitter мрежата за 10% од понудата, односно за 9,74 милијарди долари.
Алтман со промената на начинот на функционирање на компанијата планира огромни инвестиции и развој на вештачката интелигенција и новите големи јазични модели. Главната цел која тој цело време ја истакнува е развој на вештачка општа интелигенција, нешто што се’ уште не е познато кога ќе биде достигнато.
Во 2023 познат беше случајот на бркање на директорот Алтман и обвинувања за неговиот начин на работа, но за кратко време тој се врати во компанијата и дојде до промена на одборот на директори.