Фото: Shutterstock.com

Кратко по завршувањето на Black Friday промоцијата за X Premium, претплата која покрај другото вклучува и пристап до Grok „четботот“ од xAI, од мрежата го пуштија пристапот до Grok и за корисниците кои не плаќаат. 

Grok беше претставен минатата година од xAI, уште една компанија на Елон Маск, а во основа се работи за „четбот“ направен со генеративна вештачка интелигенција и голем јазичен модел, конкуренција на ChatGPT, Gemini и другите. 

Очекувано, бесплатниот пристап до Grok доаѓа со одредени ограничувања, како на пример можноста за испраќање на до 10 пораки на секои два часа, што е доволно за користење на „четботот“ од забава. 

Засега до Grok може да се пристапи само преку X апликацијата, но според информациите од xAI најверојатно планираат претставување на посебна апликација само за „четботот“. 

Grok е доста познат по помалите ограничувања за можноста за генерирање на слики, нешто на кое другите доста внимаваат, па со Grok може да се направат доста поинтересни слики, кои често изгледаат и доста реално. 

Претходна статијаНе треба многу да се очекува од наредните неколку Android верзии
Следна статијаКласичната десктоп Outlook апликација ќе биде заменета со новиот Outlook до април 2026 година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.