Дали се чувствувате сигурно на интернет? Според статистиките, годинава во светот 4.39 милијарди лица користат интернет, а на Google секоја секунда има 77.500 пребарувања… Секојдневно споделуваме лични информации… Но, дали и колку се тие безбедни?

Пред извесно време, основачот на Twitter, Џек Дорси, објави твит во кој изјави дека го заменил Google со пребарувачот DuckDuckGO. Притоа, укажувајќи дека неговото онлајн присуство е безбедно.

DuckDuckGo е компанија основана во 2008 година и е сопственик на истоимениот онлајн пребарувач кој се смета за безбеден. Пребарувачот не прави селекција на корисниците, што значи дека не ги следи нивните податоци и историја, прикажува исти резултати за дадено пребарување и соодветни реклами.

Пребарувачите кои целат на онлајн безбедност сѐ повеќе земаат замав кај корисниците кои се помалку им веруваат на гигантите Google и Facebook. За кои, пак, постои мислење дека ги злоупотребуваат личните податоци.

Со просек од 50 милиони пребарувања на ден, DuckDuckGo е далеку од Google, но има привлечено група корисници кои си ја почитуваат својата безбедност. Тие целат кон квалитет, а не на квантитет, т.е. ги прикажуваат најрелевантните податоци, а не најмногу податоци.

Претходна статијаЗбор-два за Џокер
Следна статијаСајбер безбедноста – цел и предизвик на Huawei