Сеул, Кореја – 27 Февруари 2019 година – Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) ја прикажа новата Галакси A серија, претставувајќи два нови паметни телефони дизајнирани за да обезбедат иновации во индустријата, започнувајќи од портфолиото уреди од средна класа. Галакси A50 (Galaxy A50) и Галакси A30 (Galaxy A30) пристигнувааат со подобрувања на есенцијалните карактеристики на уредот, вклучувајќи извонредно доживување при гледањето содржини, подолготрајни перформанси и камера која го доловува светот онака како што корисникот го гледа.

Новата Галакси A серија е дизајнирана според начинот на кој луѓето денес се поврзуваат – преку споделување, фотографирање и “консумирање“ на животот. Новата А серија нуди различни, моќни уреди кои ќе бидат во чекор со овие спонтани, колаборативни интеракции.

Компанијата Самсунг е посветена кон обезбедување на значаен напредок за сите, за подобро мобилно искуство, а оваа иновацијата започнува со дополнетата Галакси A серија. Луѓето го менуваат начинот на кој се поврзуваат, а нивните паметни телефони треба го следат темпото на корисниците. Нашата нова Галакси A серија нуди подобрувања на есенцијалните карактеристики кои ќе ги поддржат овие интеракции во живо преку различни опции, за да ги исполнат постојано променливите кориснички потреби.“ – изјави ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател и Извршен Директор на Одделот за ИТ и Мобилни комуникации во Самсунг Електроникс.

Со Галакси A серијата, потрошувачите можат беспрекорно да го искусат Галакси екосистемот користејќи ги клучните услуги како Самсунг Здравје (Samsung Health), Самсунг Плаќање (Samsung Pay), Бигзби (Bixby) и многу други.

Дополнетата Галакси A серија е воведена со објавувањето на два почетни модели.

Галакси А50

Овозможувајќи карактеристики на премиум камера, долготрајна батерија со брзо полнење и Инфинити-У (Infinity-U) екран, Галакси A50 овозможува корисниците да бидат континуирано поврзани со нивниот свет.

Галакси A50 овозможува снимање и споделување фотографии на револуционерен начин со својата тројна камера, дизајнирана за прецизно реплицирање на човечкиот вид.

  • Корисниците може да го доловат светот без ограничувања со помош на  Ултра широката леќа. Заедно со функцијата “интелигентно префрлање“, камерата на новите уреди сега може да идентификува и да препорача кога да се користи режимот за широк кадар.
  • Главната камера од 25MP креира живописни слики при голема дневна осветленост. Додека пак, во темно, иновативната леќа овозможува јасни снимки со детектирање на повеќе светлина и намалување на шумот. Во комбинација со леќата за длабочина, камерата нуди можност за фокусирање во живо (Live Focus), овозможувајќи му на корисникот да одбере што точно сака да нагласи на фотографијата.
  • Камерата со Вештачка Интелигенција помага при фотографирање на најдобрата сцена со помош на функцијата за оптимизација на сцени за препознавање и оптимизирање на 20 сцени. Воедно, со функцијата за откривање на недостатоци сите портрет фотографии креирани со оваа камера ќе бидат совршени. Функцијата Бигзби Визија (Bixby Vision) ја користи камерата заедно со вештачка интелигенција за да помогне при купувањето преку интернет, преведувањето текст и пронаоѓањето информации.
  • Функцијата Селфи Фокус (Selfie Focus) за суптилно замаглување на деталите во позадината ќе им овозможи на корисниците креирање подобрени “селфи“ фотографии.

Опремен со отклучување со отпечаток од прст на екранот, A50 обезбедува интуитивно отклучување, без менување на држењето на уредот. Новиот Галакси A50 пристигнува со удобен, тенок дизајн и мазна заоблена форма. Овој уред ќе биде достапен во четири нови карактеристични бои: Црна, Бела, Сина и Корална, инспирирана од различната светлина.

Галакси А30

Галакси A30 е уред наменет за оние кои се постојано во движење, опремен со моќна батерија од 4.000mAh која брзо се полни.

Целосниот 6.4 инчен екран со Супер АМОЛЕД Инфинити-У (Super AMOLED Infinity-U) екран овозможува извонредно корисничко искуство. Овој екран е идеален за играње игри, гледање видеа, истовремена работа на неколку активности и прелистување – овозможувајќи им на корисниците да го живеат својот живот во движење без да пропуштат ниту еден момент.

Создаден за беспрекорно мобилно искуство, новиот Галакси A30 вклучува напредни карактеристики на камерата, како двојна камера, вклучувајќи објектив со ултра широк агол, заедно со едноставен, безбеден пристап со помош на функцијата за задно отклучување со отпечаток од прст (Rear Fingerprint) и интуитивно отклучување со идентификација на лицето (Face Unlock).

За повеќе информации за Галакси A серијата, посетете ги веб-страните:

http://www.samsungmobilepress.com/, http://www.news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/galaxy

Претходна статијаLG V50 ThinQ 5G е смартфон на којшто може да се додаде уште еден екран
Следна статијаHuawei го надгради HUAWEI MateBook X Pro и создаде прв супер тенок FullView лаптоп