Феноменалната нова крими серија на БиБиСи Скриени средства (Hidden Assets) на Pickbox NOW доаѓа на 20 јуни. Во шест епизоди, нурнете во комплексната приказна која се одвива во Ирска и во Белгија, со интересни ликови на чело со актерката Анџелина Бол. 

ДИЈАМАНТ, МРТВО ТЕЛО И ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД

Што ги поврзува дијамантот најден во Ирска, мртвото тело најдено во Антверпен и серијата терористички напади? Детективката Емер Бери, која ја игра фантастичната актерка Анџелина Бол мора да ја открие оваа мистерија и да ја реши серијата на неповрзани случаи.

Во средиштето на серијата е завера, а веќе од првите моменти гледаме дека е специфична и необична. Во првите сцени гледаме дека една жена е убиена во стан во Антверпен, а набрзо потоа следува бомбашки напад на еден настан при што се убиени 14 луѓе. Во меѓувреме, во Ирска, Одделот за криминални средства извршува рација во куќата на осомничен дилер на дрога со намера да заплени сè што е купено со незаконски средства. Тие откриваат низа небрусени дијаманти и сопствеништво на стан во Антверпен.

Детективката Емер Бери (Анџелина Бол) оди во Антверпен и почнува да работи со белгискиот полицаец Кристијан де Јонг (Воутер Хендрикс). Заедно се обидуваат да ја откријат врската помеѓу настаните во Ирска и Белгија, а кога ќе сфатат дека бомбашот употребил само половина од својот експлозив, времето почнува да игра најголема улога. Што побрзо мораат да откријат што се случило за да можат да спречат потенцијален нов бомбашки напад.

АНЏЕЛИНА БОЛ КАКО ДЕТЕКТИВКАТА ЕМЕР БЕРИ

Одличната британска актерка и пејачка Анџелина Бол глумела во голем број филмови, серии и театарски претстави, како во Велика Британија, така и во Америка. Најпозната е по улогата во филмот Комитментс, и сериите како Док МартинБесрамници, и Господин Селфриџ, а за улогата во крими серијата Скриени средства (Hidden Assets) доби големи пофалби, како од критичарите, така и од публиката. 

“Штом го прочитав сценариото за Скриени средства, знаев дека е одлично и дека тоа е серија која едноставно не може да остари, секогаш ќе биде добра“, кажа таа во едно интервју.

Во другите улоги играат Воутер Хендрикс, Симон Кирби, Питер Кунан, Чарли Керик и Кети Белтон.

Одличната оценка на ИМДБ од 7,2, одличните актери на чело со Анџелина Бол и Воутер Хендрикс и комплексната приказна на повеќе локации се добар знак дека љубителите на крими жанрот ќе уживаат. 

Не пропуштајте ја новата серија на БиБиСи Скриени средства (Hidden Assets), само на Pickbox NOW од 20 јуни.

Претходна статијаNASA најави дека од оваа есен ќе започне со детално проучување на неидентификуваните воздушни феномени
Следна статијаThunderbird на Android доаѓа преку здружување со веќе познатата K-9 Mail