NASA планира да креира посебно тело во рамките на агенцијата кое ќе ги истражува познатите неидентификувани летачки објекти, кои сега посебно се нарекувани неидентификувани воздушни феномени. Посебно значење се дава на именувањето на овие појави поради големото значење кое го има изразот НЛО и обично се поврзува со постоењето на вонземјани и наводното криење на нивното постоење од страна на владите.

Од агенцијата истакнуваат дека нема докази дека овие феномени се од вонземско потекло и дека главната причина за нивното проучување е поради националната безбедност, како и безбедноста на воздушниот сообраќај.

Иако има огромен број на луѓе кои објавуваат дека забележале неидентификуван феномен, а тука може да се вклучат и пилотите, од NASA сметаат дека нема доволен број на набљудувања врз основа на кои би можело да се донесе научен заклучок.

Новоформираниот тим, кој треба да започне со работа од оваа есен, ќе работи девет месеци, а од NASA најавуваат дека сите заклучоци ќе бидат јавно достапни. Тимот ќе го предводи астрофизичарот Дејвид Спергел кој е поранешен главен на одделот за астрофизика при Принстон Универзитетот. Тој сега е претседател на Simons фондацијата од Њујорк.

Како одговорен од NASA ќе биде Даниел Еванс кој е помошник заменик вонреден администратор за истражување во Дирекцијата за научна мисија на НАСА.

„Со оглед на недостигот на набљудувања, нашата прва задача е едноставно да го собереме најсилниот збир на податоци што можеме“, рече Спергел. „Ќе идентификуваме какви податоци – од цивили, владини, непрофитни организации, компании – постојат, што друго треба да се обидеме да собереме и како најдобро да ги анализираме.

Со креирањето на овој тим од NASA можеби конечно ќе го добиеме одговорот на прашањето што се објектите и феномените кои од време на време ги гледаме на небото или читаме за нив. Според некои научници, мали се шансите да сме посетени од некоја друга цивилизација, па дури има и теории за можноста да нема други цивилизации, барем во нашата галаксија.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаДивизијата за управувани услуги на Сеавус достигнува бројка од 250 вработени
Следна статијаСкриени средства (Hidden Assets) – нова крими серија на ББЦ доаѓа на Pickbox NOW
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.