Фото: Thunderbird

Во мај, менаџерот за производи во Thunderbird Рајан Ли Сајпс, најави дека мобилната апликација од овој познат имејл клиент доаѓа наскоро. Иако имаше предлози и најави да се поддржи веќе постоечки проект, сепак се очекуваше дека ќе биде развиена целосно нова апликација.

Сега официјално е најавено дека целосно нова апликација нема да се развива, па Thunderbird на Android ќе дојде во форма на веќе познатата K-9 Mail апликација. Оваа апликација исто така е со отворен код, а соработка помеѓу двете организации има уште од 2018 година.

Планот е да K-9 Mail почне да добива одредени нови функции кои ќе треба да го подобрат корисничкото искуство, па со тек на време целосно да се ребрендира во Thunderbird.

Оваа апликација сега официјално е дел од Thunderbird, па од таму најавуваат и дека сите донации треба да се пренасочат кон новата соработка.

Тоа што може да се очекува за почеток како подобрување кај K-9 Mai е додавање на системот за автоматски прилагодување на нови сметки од Thunderbird, подобрена работа со папки, поддршка за филтри на пораките, како и можност за синхронизација помеѓу десктоп и мобилната апликација.

Една од главните причини кои се даваат како одлична основа за соработка помеѓу двата проекти е делењето на истите вредности, како што се отворениот код, почит на корисниците, како и погоденоста на апликациите за напредните корисници кои сакаат повеќе можности за прилагодување.

Двете официјални објави од Thunderbird и K-9 Mail можете да ги погледнете на соодветните линкови.  

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаСкриени средства (Hidden Assets) – нова крими серија на ББЦ доаѓа на Pickbox NOW
Следна статијаКако да ја споделите вашата Wi-Fi мрежа со QR код
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.