Порано Mozilla Thunderbird, а сега само Thunderbird, останува една од најпознатите апликации за имејл, а посебно кај „фановите“ на софтвер со отворен код и корисниците на Linux. Покрај одредени проблеми кои се јавија поради послабиот развој на апликацијата под капата на Mozilla последните години, една од главните маани на Thunderbird е тоа што апликацијата не е достапна на мобилните телефони.

Оваа ситуација конечно ќе биде исправена, па Thunderbird ќе добие и мобилна верзија. Што точно може да се очекува од мобилната верзија засега не е познато, па само имаме потврда преку Twitter од менаџерот за развој на производи и бизнис во компанијата, Рајан Ли Сајпс.

Тој се што кажа е дека мобилна апликација доаѓа наскоро, без да открие повеќе детали за истата. Не е познато ни дури дали достапност се планира на двете мобилни платформи или само на Android.

Со оглед на популарноста на Thunderbird кај корисниците на Linux и корисниците кои повеќе сакаат да користат софтвер со отворен код, очекувано е дека Android верзија би била повеќе приоритет поради тоа што овие корисници најчесто користат Android телефон.

Во периодот што следи би требало да излезат повеќе информации, па и ќе видиме дали апликацијата ќе биде на нивото на десктоп верзијата.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаКонкурс за најдобри новинарски стории – „Инклузивно известување за различностите и предизвиците во образованието“
Следна статијаНајави за Premium верзија од Telegram која ќе им овозможи на корисниците дополнителни функции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.