LetsGoDigital

Со оглед на тоа што Samsung се повеќе ги намалува рамките околу екранот кај нивните модели, очекувано е дека тој тренд ќе продолжи се до целосно тргање на рамките. Додека технологијата не напредне доволно, па да видиме проѕирни уреди како во научно фантастичните филмови, тргањето на рамките ќе може да се направи единствено со проширување на заоблувањето на екранот како на страните, така и на горниот и долниот дел.

Според патент поднесен од страна на Samsung, а откриен од LetsGoDigital, од компанијата токму тоа и го планираат за некои од нивните идни телефони. Иако би било одлично да видиме ваков екран кај Galaxy S11 серијата, која треба да биде претставена во февруари идната година, сепак не веруваме дека шансите за тоа се големи.

Од патентот може да се види дека телефонот би бил целосно екран, со заоблување на екранот целосно од страните, сите страни на уредот, повеќе од тоа што сега е случајот со актуелните модели.

Поради поголемото заоблување, на страните ќе може да бидат поставени посебни команди, нешто слично како при првото претставување на тогашните Edge модели од Samsung кога екранот повеќе беше заоблен од страните.

Сигурно Samsung ќе најде некакво решение да корисниците не притискаат по грешка на екранот, а посебно што доколку се претстави телефон како тој на сликата, телефонот и ќе мора да се држи цело време за екранот.  

ИЗВОРForbes
Претходна статијаПо долго време во бета, Brave интернет прелистувачот ја доби својата прва официјална верзија
Следна статијаПропуст во Android овозможува користење на камерата од телефонот без дозвола
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.