Brave

Поминаа повеќе години од кога првпат слушнавме за новиот прелистувач Brave за кого се најави дека во преден план ќе ја има приватноста на своите корисници, како и брзината на сурфање.

Овој прелистувач е направен на основа на Chromium кодот, што значи дека корисниците можат да ја очекуваат брзината, компатибилноста и додатоците достапни кај најмногу користениот Google Chrome.

Сепак, Brave во повеќето други работи и не може баш да се споредува со Chrome. За разлика од прелистувачот на Google, Bravo функционира на автоматско вклучено блокирање на рекламите и тракерите, со што приватноста на корисниците е значително подобрена.

Покрај тоа, од Brave ја истакнуваат и дополнителната предност кога се блокираат тракерите, колачињата и рекламите во прелистувачот, а тоа е значителното подобрување на брзината на отворање на веб страните, како и подобрувањето на батеријата на уредот преку кој се сурфа.

Bravo се уникатни и по начинот на којшто тие сакаат да се прикажуваат реклами при сурфањето. Додека стандардните реклами се блокираат, тие имаат нивни систем којшто корисниците можат да изберат дали сакаат да го користат. Доколку се решат да го користат, ќе им бидат прикажувани реклами од Brave Ads системот, односно огласувачите кои решиле да го користат, на начин којшто нема да ја загрози приватноста на корисниците.

Информациите кои се користат за која реклама да биде прикажана остануваат на самиот уред, па никој, ни Brave, ни огласувачите, немаат пристап до нив.

Со користењето на Brave Ads, корисниците користат и програмата наречена Brave Rewards преку која можат да ги наградат страните кои ги отвораат преку давање на посебна валута од компанијата, која се „заработува“ преку гледањето на рекламите.

По повеќето години на развој и повеќе од 8 милиони активни корисници, Brave ја доби својата прва официјална верзија, иако прелистувачот беше целосно функционален и претходно, а тестирањето изгледа траеше толку време поради дополнителни системи.

Brave 1.0 е достапен на сите платформи, односно може да се симне на Windows, Linux, macOS, Android и iOS. Доколку уште го немате пробано овој прелистувач, тоа можете да го направите преку следниот линк, но не би било лошо да го исклучите блокирањето на реклами на Smartportal.mk.

ИЗВОРBrave
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаSamsung Galaxy Note10+ добива Star Wars Special Edition верзија
Следна статијаПатент од Samsung најавува смартфон со екран кој е заоблен од сите четири страни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.