Во следниов водич ќе објасниме како да припремите USB стик за инсталација на Windows.

Првиот начин е со користење на командниот прозорец (Command Prompt):

  1. Ставете го USB стикот во една од USB портите;
  2. Стартувајте ја “Command Prompt” иконата кој се наоѓа во “Start/All Programs/Accessories” како адмистратор (притиснете десен клик на “Command Prompt” иконата, изберете “Run as administrator” и во прозорецот кој ќе ви се појави изберете “Yes”);
  3. Во командниот прозорец испишете “Diskpart” и притиснете “Enter” на тастатурата;
  4. Наредно испишете “List Disk” и повторно притиснете “Enter”;
  5. Изберете го вашето USB со испишување на “Select Disk #” каде “#” е бројот на USB стикот (во нашиот случај тоа е “Disk 2”) и притиснете “Enter”;

diskpart

  1. Следно испишете “Clean” и притиснете “Enter”;
  2. Испишете “Create Partition Primary” и притиснете “Enter”;
  3. Потоа испишете “Active” и притиснете “Enter”;
  4. Испишете “Format Quick FS=FAT32” и притиснете “Enter”;
  5. Наредно испишете “Assign” и притиснете “Enter”;
  6. За крај испишете “Exit” и притиснете “Enter”;
  7. Ископирајте ги сите фајлови кои се наоѓаат на вашето Windows DVD или Windows ISO Image на USB стикот;
  8. Вашиот USB стик е спремен за инсталација на Windows.

Вториот начин е со користење на “Windows 7 USB/DVD download tool” алатката на Microsoft која може да се симне бесплатно од нивната веб страна.

  1. Симнете ја и инсталирајте ја алатката (потребно е да имате инсталирано Microsoft .NET Framework верзија 2.0 или понова која исто така може да ја најдете на веб страната на Microsoft);
  2. Стартувајте ја алатката која се наоѓа во “Start/All Programs/Windows 7 USB DVD Download” и со притискање на копчето “Browse” изберете ја локацијата на вашиот Windows ISO Image (во нашиот случај D:\Install\Microsoft Windows 7 64-bit\X17-59465.iso) и притиснете “Next”;

usbtool1

3.  Во следниот прозорец притиснете на копчето “USB device” и доколку вашиот USB стик е ставен во една од USB портите ќе биде автоматски препознаен;

usbtool2

4.  Притиснете на копчето “Begin copying” и причекајте да заврши процесот;

5.  Вашиот USB стик е спремен за инсталација на Windows.

Претходна статијаПретставување на PlayStation 4
Следна статијаПретставување на Xbox One