На 21-ви Мај 2013, Microsoft ја најави својата нова конзола или како што самите преферираат да ја нарекуваат “all-in-one entertainment system”, Xbox One. Конзолата ќе биде достапна во продажба во Ноември, а цената за европскиот пазар ќе изнеува 499€.
Спецфикациите на Xbox One се многу слични со тие на својот директен конкурент PlayStation 4 и вклучуваат 8-јадрен x86-64 AMD процесор базиран на “Jaguar” архитектурата со интегриран Radeon чип за графичка обработка. На располагање ќе има 8GB DDR3 меморија, од кои 3GB се наменети за функционирање на оперативниот систем и апликациите, а останатите 5GB ќе бидат достапни за игрите. Во конзолата ќе бидат вградени hard disk со капацитет од 500GB и Blu-ray читач, три USB 3.0 порти, Ethernet трансивер, Wi-Fi адаптер, Bluetooth 2.1, HDMI и оптички аудио излез. Xbox One ќе поддржува приказ на 4К резолуција и 7.1 surround звук.
Новиот Xbox ќе работи на комбинација од два оперативни системи, од кои едниот ќе биде наменет исклучиво за игри, додека другиот ќе биде базиран на Windows и ќе се користи за апликациите. Ваквиот начин на функционирање овозможува паралелно да бидат вклучени голем број апликации додека ги играте вешите игри, без притоа да дојде до губење на перформансите. Xbox One ќе поддржува гласовни команди преку кои ќе можете да ја вклчувате и исклучувате конзолата заедно со вашиот телевизор. Download-ите и update-ите ќе се одвиваат во позадина и нема да ги попречуваат вашите активности, додека игрите ќе може да бидат паузирани на неодредено време за кога ќе посакате повторно да продолжите тоа да биде од истиот момент кога сте прекинале. Преку SmartGlass апликацијата која ќе биде достапна на Windows 8, Windows Phone, Android and iOS ќе можете да го користите вашиот таблет или телефон како додатен екран за подобра и побогата интеракција со конзолата.
Xbox One контролерот, иако на прв поглед многу сличен со својот претходник, вклучува повеќе од 40 подобрувања во однос на Xbox 360 контролерот. Формата на новиот контролер е прилагодена за поголема комоција при држењето и компатибилност со повеќе големини на раце во однос на својот претходник. D-pad насочникот и контролните стикови се редизајнирани за поголема прецизност и респонзивност, а истовремено олеснет е и пристапот до копчињата и тригерите. Исто така, во секој од тригерите ќе има градено и посебни вибрациски мотори кои ќе може да функционираат независно еден од друг. Кај Xbox One контролерот, Start и Back копчињата ќе бидат заменети со “Menu” and “View”, а доколку направите порачка на конзолата пред официјалното пуштање во продажба на вашиот контролер ќе биде испечатен тексот “DAY ONE 2013”.
Една од главните продажни предности на Xbox One во однос на PlayStation 4, како и обратно ќе бидат ексклузивните игри. Досега најавените ексклузивци за Xbox One вклучуваат наслови како Ryse: Son of Rome; Forza Motorsport 5; Dead Rising 3; Titanfall; Halo; Fable Legends; Killer Instinct; Quantum Break и др. За online играње ќе биде задолжен Xbox Live multiplayer сервисот, поддржан од повеќе од 300.000 сервери. Smart Match системот ќе користи напрени алгоритми за изнаоѓање на вистинските противници и соиграчи за вас, воедно овозможувајќи поголема контрола на избор со кого и против кого ќе играте. Чекањето ќе биде елиминирано така што сето ова ќе се случува во позадина без да ги прекинува вашите активности.