Shutterstock.com

За разлика од мерењето на гледаноста кај класичната телевизија, стриминг сервисите имаат голема предност поради фактот што тие имаат точна мерка за секоја нивна содржина од сите нивни корисници. Не се потребни посебни уреди кои ќе ги мерат минутите, како и анкети кои го испитуваат мислењето на гледачите.

Сепак, не е точно познат начинот на којшто Netflix, можеби најпознатиот стриминг сервис, ги носи одлуките за тоа дали одредена нивна содржина се смета за гледана или не, па дали вреди да се продолжи со нејзин развој, доколку е серија или да се прават слични, доколку е филм.

Од информациите кои Netflix ги има дадено на комисија на британскиот парламент, се гледа дека мерките не се прават врз основа на едноставно мерење на минутите кои една серија или филм ги има.

Иако ова како мерка може да ја покаже до некаде популарноста на одредена содржина, сепак за деталите да бидат поголеми и да може да се разбере популарноста, Netflix употребува мерка која ги дели гледачите во три групи.

Трите групи се наречени „starters“, „completers“ и „watchers“. Првите две групи се тие кои се сметаат за најмногу меродавни и истите се основа за одлуката дали некоја содржина е гледана или не.

Starters се гледачи кои гледаат 2 минути од некој филм или една епизода од серија, додека Completers се гледачи кои гледаат 90% од некој филм или сезона од некоја серија. Watchers се гледачи кои гледаат 70% од некој филм или една епизода од серија.

Оваа поделба е главната основа врз основа на која се пресметува гледаноста на содржината која е достапна на Netflix и потоа се одлучува дали да се продолжи со истата или не. Ова се мерките кои ги добиваат и креаторите на содржина кои се достапни на Netflix.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.